Top Sport

„Ние да бидеме пред Баерн, тоа е исто како јас да го победам Болт“

Борусија Менхегладбах наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите заедно со Баерн, Дортмунд и Лајпциг. Во клубот се задоволни од постигнатото оваа сезона. Мехненгладбах на почетокот на првенството беше лидер меѓутоа на крајот заврши со 17 поени помалу од Баерн.

Спортскиот директор на клубот Макс Еберл одговарајќи на новинарско прашање дали Менхенгладбах може да ја предводи лигата пред Баерн рекол.

„Тоа е реално колку што е реално јас да се тркам со Јусен Болт на 100 метри и да мислам дека можам да го победам. Можеби ќе бидам прв на стартот, можеби тој ќе се сопне и ќе падне на средина од патеката но веројатноста дека Болт ќе заврши пред мене е голема, исто како што е голема веројатноста дека Берн ќе биде пред нас.“

„Сепак нема да истакнеме бело знаме. Работиме да бидеме уште подобри. Нема да купуваме големи имиња, кризата не погоди, финансиските резерви ни се топат како мраз на сонце. Мораме да ја гледаме пошироката слика“, заклучил Еберл.

Scroll to Top