ВАР технологијата, најблаго речено, нема најдобро деби на Светските првенства, што уште еднаш се покажа на мечот меѓу Нигерија и Аргентина.
Турскиот судија Џунејт Чакир им додели еден пенал на Нигеријците по фаулот на Хавиер Маскерано, по кој Нигерија израмни на 1:1, резултат со кој тие одеа во осминафиналето. Но, потоа, Нигеријците бараа и втор пенал, откако Маркос Рохо во обид да „исчисти“ една топка во шестнаесетникот ја удри топката со глава, која потоа отиде во неговата рака.
Nigeria’s claim for penalty against Rojo’s handball which looks unintentional pic.twitter.com/lLJeWSi2dz
— Nabeel Hashmi (@iNabeelHashmi) June 26, 2018
Иако беше очигледно дека нема намера, судијата реши да го провери ова на ВАР системот, и по разгледувањето на снимките реши дека нема пенал, кој ќе беше клучен и Нигерија веќе ќе беше во осминафиналето.
Минатиот четврток пак, Австралија доби пенал во мечот со Данска во речиси иста ситуација. Данскиот напаѓач Јусуф Поулсен скокна и ја удри топката со главата по еден корнер на Австралијците и топката заврши во неговата рака.
Судијата реши прво мечот да продолжи, но откако беа разгледани ВАР снимките им додели пенал на Австралијците. Поулсен, исто како Рохо немаше намера да игра со рака.