Top Sport

Нигеријците бараат Англичаните да не го „врбуваат“ Езе

Нигериската фудбалска федерација (НФФ) тврди дека младиот фудбалер на Кристал Палас, Еберечи Езе е под огромен притисок да избере дали да игра за Нигерија или за Англија, и бара Англичаните да го „остават на мир“.

22-годишниот Езе е роден во Англија, меѓутоа неговите родители се од Нигерија. Тој веќе ја претставуваше Англија во У-21 репрезентацијата, но смее да игра и за Нигерија бидејќи нема повик во сениорската репрезентација. Од Нигерија велат дека би сакале да го видат во дресот на „Супер орлите“, но дека нема да „молат“, иако уште во 2019, претседателот на НФФ, Амаџу Пиник беше во посета на Езе.

„Неговите родители тогаш кажаа дека тој е на почетокот на кариерата и прво треба да направи име за себе, а потоа тие ќе одлучат. Мислам дека тој сака да игра за Нигерија, но има огромен притисок на тие играчи кои се во Англија. Тие би сакале тој барем еднаш да заигра за нив. Ние ќе разговараме, но нема да го молиме. Ако сака, тогаш ќе биде поканет“, изјави потпретседателот на НФФ, Сеји Акинвунми.

Scroll to Top