Локалните власти на Калининград негативно одговориле на барањето на навивачите на Нигерија, да внесат кокошки на стадионот, каде нивната репрезентација ќе го одигра првиот натпревар на Сп против Хрватска.
„Во нашиот информативен центар пристигнуваат секакви барања. Навивачите на Нигерија прашаа дали може да внесат кокошки на стадионот. Тоа е симбол што тие вообичаено го користат на сите натпревари. Ние не им одобривме да го направат тоа“, рекол министерот за култура и туризам на калинин градската област, Андреј Јермак.
„Доколку, Нигеријците сакаат на некое друго место со помош на кокошките да ја бодрат својата селекција, ние ќе им кажеме каде можат да купат кокошки“, дополнил Јермак.
„Подготвени сме да ги исполниме и нај ексцентричните барања“, завршил министерот.
Според неговите зборови, областа очекува доаѓање на околу 150.000 навивачи. Најмногу Руси ќе има на тие натпревари, според Јермак околу 15.000, пет илјади билети помалку ќе има за навивачите чии репрезентации ќе играат во Калининград, а преостанатите 10.000 билети треба да им припаднат на навивачите што ќе пристигнат од другите држави.
Во текот на СП, во Калининград ќе се одиграат четири натпревари: Хрватска-Нигерија (16.јуни), Србија-Швајцарија (22.јуни), Шпанија-Мароко (25.јуни) и Англија-Белгија (28.јуни).