Top Sport

Нико Ковач: Немаат почит кон мене!

Тешки денови за хрватскиот тренер на клупата на Баерн Минхен, Нико Ковач. Тој на прес конференцијата пред денешниот дуел во Бундеслигата против Унион Берлин видно вознемирен одговараше на коментарот на претседателот на Баерн кој рече дека екипата делува безживотно.

„Кога зборуваше за безживотност, сите знаеме на кого мислеше. Сите очекуваат победа и убав фудбал, тоа и ние го очекуваме, но не може секогаш да се игра убав фудбал. Најважен е добриот резултат“ – рече Ковач.

Хрватот е огорчен поради фактот што сезоната е речиси на почетокот, а веќе се полемизира околу негов отказ во клубот.

„Само 8 коло е, а веќе се разговара за иднината на тренерот. Не е така само во Баерн, туку и во другите клубови. Зборуваме за почит, но ова нема врска со тоа. Екипата на Лусиен Фаври (тренерот на Борусија Дортмунд) има исти бодови колку и ние, изгубија еден меч во ЛШ, но веќе се споменуваат имиња како можен наследник. Не можам тоа да го разберам. Разговарам со шефовите. Овие напади доаѓаат однадвор, така да – опуштен сум. Она што го поминав во последната година ми помага да се носам со се“ – вели тренерот на Баерн Минхен.

Scroll to Top