Левиот бек на Атлетико Мадрид, Фелипе Луис, потврдил дека никогаш не побарал од клубот да му дозволат да замине од Мадрид.
Договорот на Бразилецот со Атлетико истекува наредното лето, а наводно во последната недела од преодниот рок тој побарал од клубот дозвола за трансфер во ПСЖ.
Според медиумите, Атлетико не се противеле на трансферот, но условот бил ПСЖ да ја платат откупната клаузула до 30 милиони евра.
„Среќен сум во Атлетико, никогаш не сум барал трансфер“, рекол Фелипе Луис и дополнил.
„Пред три недели имав состанок со клубот. Им кажав што сакам и добив повратна информација дека не сакаат да заминам и дека нема да преговараат со други тимови. Од тој момент воопшто не побарав да заминам“.
Бразилскиот репрезентативец, во Атлетико е од 2010 година, со исклучок на сезоната 2014/2015 кога играше во Челси.