Top Sport

Никогаш не сте виделе погрд дрес, а се продава за 32 евра

Доколку го видовте ова, тогаш сте виделе се во животот. Дизјанерите кога работеле на идејата за четвртата гарнитура на дресови, што сезонава ќе ги носат фудбалерите на Ростов, веројатно не помислувале дека истиот ќе биде „прогласен“ за најгордиот на сите времиња.

Инспирација изгледот на дресот им биле традиционалните теписи по кои е позната областа Ростов. Оваа четврта гарнитура на дресови се продава по цена од 2.500 рубљи (32 евра), а навивачите се надеваат дека нивните миленици никогаш нема да ја облечат. Традиционалните бои на Ростов се жолтата и сината.

Кога ќе го погледнете овој дрес веднаш ќе заборавите на опремата што на СП во 1994 година во САД, ја носеше легендарниот мексикански голман, Хорхе Кампос и опремата што Хал сити ја носеше во сезоната 1993/94.

Scroll to Top