Top Sport

Никогаш повеќе нема да го провоцира Матиќ

Немања Матиќ се најде во центарот на вниманието на спортската јавност, поради своите активности на социјалните мрежи.

Еден навивач се обидел да го испровоцира Матиќ, а српскиот репрезентативец му одговорил на брилијантен начин.

Навивачот на „Инстраграм“, поставил слика на Матиќ кој во рацете го држи шампионскиот пехар освоен со Челси пред две сезони.

„Она кога знаеш дека ова ти е последна титула“, напишал навивачот, алудирајќи дека со Манчестер јунајтед, Матиќ, никогаш нема да стане шампион на Англија.

Одговорот на Матиќ е брилијантен и помалку брутален и веднаш стана хит на социјалните мрежи.

„Кого вие извлековте во Лигата на шампионите“.

Scroll to Top