Top Sport

Никој како Кристијано: Португалецот испиша историја во ЛШ

Кристијано Роналдо вечерва испиша нова страница во историјата на Лигата на шампионите. Португалецот стана првиот играч кој постигнал голови на сите шест натпревари во фазата по групи.

Најдобриот фудбалер во светот постигна гол против Борусија Дортмунд, откако на претходните пет натпревари: два против АПОЕЛ во првото коло, два во Дортмунд во втората рунда, по еден во ремито 1:1 и поразот од Тотенхем 1:3 и во минатото коло на кипар два пати ја тресеше мрежата на АПОЕЛ.

До овој момент Роналдо има постигнато девет гола оваа сезона во Лигата на шампиони.

Scroll to Top