Top Sport

Никој не го брани ова! Гринвуд со сензационален гол против Лестер

Мејсон Гринвуд е сигурно еден од најдобрите фудбалери на Манчестер јунајтед во новата сезона, што го покажа со својот четврти гол во Премиерлигата, откако ги донесе „ѓаволите“ до водство на гости кај Лестер во 19. минута од мечот.

Иако дотогаш немаше многу возбудувања на мечот, Гринвуд си направи убава позиција на работ на шестнаесетникот за да упати удар кој Каспер Шмајхел (а ниту еден друг голман) едноставно не можеше да го фати.

Scroll to Top