Top Sport

Никој не го сака Антоан Гризман?

Долгоочекуваниот трансфер на Антоан Гризман во Барселона е неизвесен, откако претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо изјави дека никој не ги контактирал за трансфер на Французинот.

28-годишниот Гризман минатиот месец потврди дека си заминува од „Ванда метрополитано“ по пет сезони со Атлетико, и сите очекуваа дека ќе има брз договор со Барселона за сума од над 100 милиони евра. Но, очигледно интересот на Барса е намален, и Серезо вели дека не знае каде ќе заврши Гризман следната сезона.

„Гризман беше со нас пет години и заврши фантастична работа. Имаме добри односи со него, полни со доверба. Се надевам дека во клубот каде ќе оди ќе има ист третман како што му дадовме ние. Не знам каде ќе заврши, бидејќи не ни кажа. Мислам дека никој не знае. Но, никој од Барса не контактирал со нас“, вели Серезо.

Scroll to Top