Top Sport

Николо Барела на радарот на Атлетико

Атлетико Мадрид го обновиле интересот за италијанскиот репрезентативец Николо Барела. Еден од најдобрите играчи на Интер има договор со клубот до јуни 2024 година. Според медиумите, преговорите околу новиот договор, засега не оделе во добра насока.

Менаџерот на Барела за својот клиент барал годишна плата од шест милиони евра, Интер нуделе два милиони евра помалку.

Атлетико биле подготвени да ги исполнат сите услови што ги барал менаџерот на Барела.

Диего Симеоне и Атлетико беа заинтересирани за Барела и во летниот преоден рок, во 2019 година, но тогаш фудбалерот реши од Каљари да се пресели во Интер.

Scroll to Top