Top Sport

Нинџа желка, Килијан Мбапе (Видео)

ПСЖ вечерва ќе го пречека Селтик во претпоследното коло во Лигата на шампионите. Францускиот тим веќе се пласира во осмина-финалето и тоа многу веројатно од првата позиција.

ПСЖ игра добро и ефикасно, во Лигата на шампионите се уште нема примено гол, во француската лига нема конкуренција, што е причина доброто расположение кое владее на тренинзите и во соблекувалната.

Дека деновиве е забавно да се играч на ПСЖ покажува и следното видео, во кое главен „актер“ е Килијан Мбапе. Младиот напаѓач од капитенот Тијаго Силва добива како подарок голема бела кутија со ознаката на „Диор“.

Кое е изненадувањето…погледнето во видеото.

Scroll to Top