Арјен Робен се врати на фудбалот со гол во пријателскиот меч на неговиот Гронинген со германскиот клуб Арминија Билефелд, кој на крајот заврши 1:1.
Робен по една година пауза по повлекувањето од Баерн Минхен, беше убеден да се врати на фудбалот од локалниот клуб Гронинген и покажа дека не заборавил како се даваат голови.