Top Sport

Ништо од трансферот на Јовиќ во Реал?

Иако медиумите што се блиски до Реал Мадрид, „Марка“ и „АС“, уште пред една недела го најавија како сигурен трансферот на Лука Јовиќ од Ајнтрахт, „кралскиот клуб“ би можел да остане без планираното засилување.

Србинот Лука Јовиќ имаше одлична сезона, го привлече вниманието на неколку елитни клубови. Најпрвин како фаворит за неговиот потпис се издвои Барселона, но откако клубот од „Ноу Камп“ се насочи кон Холанѓаните Де Јонг и Де Лихт, во трката се вклучи ја и од Реал.

Пред една недела медиумите од Мадрид објавија дека Реал го договориле Јовиќ за сума од 60 милиони евра. Проблемот било обесштетувањето, од Ајнтрахт за голгетерот побарале 100 милиони евра.

Во меѓувреме една изјава на Јовиќ покрена други шпекулации. Тој најави дека би му одговарало да игра во Серија А или во Премиер лигата.

„Бундес лигата е шампионат што бара голема физичка подготвеност, но по мечевите со Челси и Интер мислам дека би ми „легнало“ да играм во Премиер лигата или во Серија А“, рекол српскиот репрезентативец.

Оваа изјава најавува сериозна борба за потписот на Јовиќ во преодниот рок, но цената што ја баарт од Анјтрахт може да значи и дека тој ќе остане во Франкфурт.

Scroll to Top