Top Sport

Ништо од желбите на Мурињо – Тотенхем со „минимален“ буџет за трансфери

Надежите на Жозе Мурињо за летно засилување на Тотенхем тешко дека ќе се остварат, откако Тотенхем планира да потроши „минимални“ средства во летниот преоден рок поради економското влијание по пандемијата на корона вирусот.

Поради кризата, Тотенхем нема да може да го комплетира богатиот договор за правата за именување на новиот прекрасен стадион во северен Лондон, така што најверојатно ќе дојде до „кратење“ на парите за трансфери, јавува „Дејли мејл“.

Мурињо, заедно со претседателот на клубот Даниел Леви и главниот скаут, Стив Хичен веќе разговарале за плановите за следниот преоден рок, во кој приоритет ќе биде еден бек, и еден напаѓач, но овие планови сега ќе зависат од многу фактори. Клубот уште ги плаќа долговите за стадионот кој чинеше 1 милијарда фунти, и недостатокот на пари од секојдневното работење на стадионот се катастрофални – покрај фудбалот, беа откажани и боксерски мечеви и натпревари во американски фудбал.

Самиот Леви оваа недела во интервју беше реален околу иднината.

„Кога ќе слушнам приказни за трансфери ова лето како ништо да не се случило, сфаќам дека некои луѓе уште спијат и не се свесни што се случува. Фудбалот не може да живее во ’меур’. Можеби сме осмиот клуб на светот по приходите, но тоа не значи ништо денеска“, изјави оваа недела Леви.

Scroll to Top