Top Sport

Ниту еден клуб не го сакал Кристијано, поради тоа останал во Реал

Влијателните европски спортски медиуми откриваат зошто Кристијано Роналдо во летниот преоден рок не го напуштил Реал. Иако Португалецот имаше желба да го смени клубот, вистината е дека ниту еден клуб не покажал сериозен интерес за неговите услуги.

Колку и да звучи неверојатно, не постоела опција, Кристијано Роналдо, да потпише за некој од фудбалските великани во Европа.

Интерес постоел кај Пари Сен Жермен, менаџерот Жорге Мендеш работел на трансферот, но работата пропаднала кога на претседателот на ПСЖ му станало јасно дека може во клубот да го донесе Нејмар.

Бразиелцот е помлад, што е добра опција со него да се работи на долги патеки, а и спонзорите покажуваа речиси ист интерес за него како и за Португалецот.

Се шпекулираше дека и неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед е заинтересиран, но менаџерот Мендеш не сакал Кристијано да се врати на „Олд Трафорд“. Жозе Мурињо е во Манчестер јунајтед, а на Мендеш веќе му било „преку глава“ да ги пегла односите помеѓу сонародниците.

Вистината е дека Мурињо не бил заинтересиран за Кристијано, бидејќи нема баш добри односи со најдобриот во светот, а и во летниот преоден рок тренерот на Јунајтед покажуваше интерес за Герет Бејл.

Наводно Мурињо на челниците на Манчестер јунајтед им рекол дека доколку клубот реши да го донесе Роналдо, дека тој нема да се против на таа одлука. Сепак, тренерот посочил дека целата приказна околу тој трансфер не е реална и дека дури Реал и да се согласи да го продаде својот најдобар играч, цело лето ќе биде потрошено на преговори со Флорентино Перез, за да се плати нереална сума на пари за фудбалер кој нема уште многу сезони пред себе.

Во Јунајтед се откажале од намерата да ги започнат преговорите кога им станало јасно дека Реал ќе зака во трансферот на Кристијано Роналдо да го вклучи голманот Давид де Хеа.

Дури тогаш на Кристијано му станало јасно дека други понуду од Европа нема да добие, иако се шпекулираше дека и Челси покажува интерес. Варијантата со Челси отпадна кога Португалецот кажа дека во Англија би играл само за Манчестер јунајтед.

Scroll to Top