Лионел Меси го постигна својот 68. репрезентативен гол во 132. настап за аргентинската репрезентација во меч кој фановите на „албиселесте“ би сакале да го заборават, откако 1:1 ремито со Парагвај може да значи елиминација уште по натпреварите по групи на Копа Америка.
Освојувачот на пет „златни топки“ честопати добива критики за перформансите на репрезентативно ниво, но како што посочија многу фанови на социјалните мрежи, дел од проблемот е и кај селекторите.
Сегашниот селектор, Лионел Скалони во својот тим има фуриозен напад – Меси, Серхио Агуеро, Мауро Икарди, Пауло Дибала, меѓутоа тактиката која ја постави за мечот беше во најмала рака „сомнителна“.
Неколку фотографии од мечот го покажуваат тоа, во ситуација во која Меси е оставен на средината на теренот сам против речиси цел тим на Парагвај, a секако тука е и „револуционерната“ тактика на Скалони против Колумбија…
And wonder why Messi’s Argentina is getting whipped right ,left and centre.
Come on what formation is this?
5:1:4? TERRIBLE TACTICS pic.twitter.com/bUpTaCysCe
— Felipe GDS Maximeilla (@Lewanjoski) June 20, 2019