Кинеската авантура на колумбискиот напаѓач Џексон Мартинез доби неславен крај, откако Гуангжу Евергранде го оставија фудбалерот за кого платија 42 милиони евра да си замине бесплатно.
31-годишниот Мартинез беше играч на Атлетико Мадрид и иако таму не се покажа најдобро, замина во Кина во февруари 2016 за огромни пари. Претходно тој имаше супер настапи за Порто, за кои постигна 94 гола во 143 натпревари.
Мартинез, по низата повреди, во Кина играше само 16 натпревари, постигнувајќи четири гола, и сега тој не е дел од составот на Евергранде за новата сезона од кинеската Суперлига. Колумбиецот сега е слободен да се врати во Европа, но прашање е дали некој клуб ќе сака да го ангажира.