Top Sport

Ниту Сидорф нема решение за маките на Депортиво (видео)

Депортиво Ла Коруња не успеа да победи ниту во осмиот меч во низа, откако Реал Бетис благодарение на голот на Лоренцо Морон во 51. минута си замина со три поени од „Риазор“.

Тимот од Галиција е на претпоследното место на табелата со 17 поени, четири повеќе од „отпишаната“ Малага, но три помалку од 17-пласираниот Леванте, кој е во „безбедната“ зона.

Минатата недела, Ла Коруња го именуваше својот трет менаџер оваа сезона, легендата на холандскиот фудбал Кларенс Сидорф. Тој доаѓа на местото на Кристобал Парало, кој претходно го замени Пепе Мел, кој ја стартуваше сезоната на клупата на Депортиво.

Scroll to Top