Новите саудиски сопственици на Њукасл се заинтересирани да го донесат тренерот на Фламенго, Жорге Жесус на „Сент Џејмс парк“ на местото на Стив Брус, јавува порталот „Гол“.
Во Англија уште трае преземањето на клубот од страна на јавниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија предводен од принцот Мохамед бин Салман, за што претходниот газда Мајк Ешли ќе добие 300 милиони фунти, и се очекува клубот да има огромни средства за засилувања во блиска иднина.
На врвот на листата на желби е поранешниот тренер на Тотенхем, Маурисио Почетино, но сега фокусот се префрла на Жесус, кој има огромно искуство во Европа, а лани направи голем успех со Фламенго во Бразил освојувајќи ја националната титула и Копа Либертадорес.
65-годишниот Жесус има договор со Фламенго до крајот на јуни, но има понуда за нов договор до декември 2021 година со 50 отсто повисока плата. 65-годишниот Жесус ја почна тренерската кариера во 1990-тите и беше тренер на Брага, Бенфика и Спортинг.