Top Sport

Њукасл само го налути Јунајтед, Златан се врати! (видео)

Навивачите на Манчестер јунајтед можат да се задоволни. Њукасл водеше на „Олд Трафорд“ па доживеа тежок пораз од 4:1. Пол Погба одигра одличен половина натпревар, Ромелу Лукаку повторно стрела, а на терен првпат од април беше и Златан Ибрахимовиќ!

А стартот не ветуваше таков натпревар. Двајт Гејл по само 14 минути ги донесе „свраките“ во водство во Манчестер со одлично изведена акција, најавувајќи сензација на тимот на Рафа Бенитез. Но, Антони Марсијал, во редок меч во кој беше стартер доби фантастично нафрлање од Погба и израмни во 37. минута, за пред финишот на полувремето Крис Смолинг да донесе водство за Јунајтед.

Во 54. минута и Погба се запиша во листата на стрелците по одлично изведена акција преку Хуан Мата, за во 70. минута Ромелу Лукаку да го прекине „постот“ во дресот на Јунајтед за убедливи 4:1.

Кога победникот беше одлучен, Мурињо на теренот реши да го постави Златан Ибрахимовиќ, во прв настап по тешката повреда на коленото во април. Ибрахимовиќ во 90. минута дури имаше и изгледна шанса да го зголеми водството.

Јунајтед со трите бода ги „прескокна“ Челси на второто место и остана на осум поени зад градските ривали Манчестер сити.

Scroll to Top