Њукасл тргнува по стапките на Манчестер Сити оти на „Сент Џејмс парк“ ќе стигнат околу 400 милиони евра.
Се работи за купопродажба на клубот од северот на Англија, а како што пренесува „Сан“, нов газда ќе биде роднина на првиот човек на Манчестер Сити, Мансур бин Зајед Ал Нехајан.
Шеикот е подготвен од Мајкл Ешли да го преземе клубот, а општо е познато дека Ешли со години безуспешно се обидува да го продаде клубот.
Новиот сопственик како пасиониран љубител на Премиерлигата „ќе го одврзе ќесето“ за нови трансфери во тимот кој со години го бара стариот сјај.
Интересно е што актуелниот газда на Сити, во 2008 година се обидел да го купи Њукасл, но тогаш Ешли „ја утнал“ продажбата.
Шампионскиот трофеј не завршил на „Сент Џејмс парк“ уште од 1969 година.