Њукасл стигна до нов важен триумф на домашен терен со 2-0 против Хадесфилд, победа која е многу значајна во борбата за опстанок.
Двата погодока беа во вториот дел. Рондон во 46. минута погоди за 1-0, а конечниот резултат го постави Перез во 52. минута.
Борнмут и Вулверхемптон ремизираа во ова коло, 1-1.
Кинг го отвори резултатот од пенал, а изедначи Хименез, исто така од белата точка. Интересно е што судијата покажа и трет пенал на мечот, за Борнмут, но Кинг овојпат беше непрецизен.