Мануел Ноер е блиску до одлуката да го напушти Баерн. Гермнаксите медиуми тврдат дека тој во целост ги прекинал преговорите со клубот околу новиот договор.
Ноер не е задоволен од одлуката на клубот да добие продлжување на договорот за само една година, додека челниците сметале дека тој со своите барања не покажувал доволна почит кон клубот.
Медиумите шпекулираат дека Ноер побарал договор до јуни 2023 година и годишна плата од околу 20 милиони евра. Сметал дека ги заслужил тие бари бидејќи бил еден од најголемите светски голмани.
Во клубот немале намера да издвојат толкава сума на пари и веќе започнале да бараат решение. Баерн веќе се договори со голманот на Шалке Александер Нубел, а желба им е Марк-Андре тер Штеген од Барселона. Овој трансфер се чини како невозможна мисија за Баварците.
Од друга страна Ноер се поврзува со Челси. Френк Лампард неколку пати сезонава покажа незадоволство од формата во која се наоѓа најскапиот светски голман Кепа Аризабалага.