Top Sport

Ноер: Малку ми е жал ми е за Тер-Штеген

Додека повеќето фудбалери на Баерн Минхен не покажаа милост за ривалите од Барселона по 8:2 победата во петокот, капитенот Мануел Ноер призна дека му е жал што неговиот германски ривал, Марк-Андре Тер Штеген беше „торпедиран“.

Ова беше прв меч на Барселона од 1946 година во кој тие примија осум голови, а Тер Штеген едноставно немаше одговор.

„Малку ми е жал за Марк-Андре што прими толку голови. Секако, тоа беше добро за нас, но не би посакал таква вечер на колега од репрезентацијата. Видовте дека не попуштивме ниту една минута и сакавме само да играме напред. Знаевме дека можеме да примиме голови, и затоа требаше да дадеме повеќе. На крајот успеавме“, вели Ноер.

Scroll to Top