Top Sport

Ноер пак е во Хрватска, плати пијачки во кафиќ, подели автограми, па на велосипед

Еден од најдобрите светски голмани, чуварот на мрежата на Германија и на Баерн Минхен, Мануел Ноер е во Хрватска, на одмор.

Тој одмoра на Макарската ривиера, а денеска, како што информираат хрватските медиуми, со велосипед се развозувал низ сончевите предели.

Тој застанал во еден од локалите, платил пијачки за сите во кафе барот, поделил автограми, се потпишал на вратата на локалот и продолжил во прошетката.

Ноер со години е поврзан со Хрватска, а минатата година со сопругата го посетија Хвар и Дубровник.

Scroll to Top