Top Sport

Ноер се налути: Ова не е Баерн Минхен кој јас го познавам

Мануел Ноер влезе во остар напад на Баерн Минхен, откако се објавија детали од неговите преговори за новиот договор во германските медиуми, уште еднаш покажувајќи го своето незадоволство.

34-годишниот Ноер е на голот на Баварците речиси една деценија, освојувајќи 18 трофеи со нив по трансферот од Шалке во 2011 година. Тој следната сезона влегува во последната година од договорот, но тврди дека сака да остане на „Алијанц арената“. Во германските медиуми последната недела имаше многу шпекулации дека Баерн му понудиле двегодишен договор, но тој сакал петгодишен договор со (пре)висока плата.

Тој инсистира дека не е логично да се бара толку долг договор, и е изненаден што детали од прегововите се појавуваат во медиумите.

„Сите разговори кои ги имав тука од 2011 година беа извршувани во доверба и никакви детали не се појавуваа. Но, сега има премногу детали во медиумите, кои покрај тоа, не се точни. Тоа ме нервира. Тоа не Баерн Минхен кој јас го знам. Сакам да играм додека сум фит, но најважна е довербата. Утопија е тоа дека сум барал 5 години договор, бидејќи имам 34 години. Секогаш ми било важно да имам доверба во менаџментот на тимот, бидејќи сум лојален на клубот како фудбалер и како капитен“, вели Ноер за „Билд“.

Баерн веќе размислуваат за животот без голманот, откако се договорија да потпишат со 23-годишниот Александер Нибел од Шалке.

Scroll to Top