Капитенот на Баерн Минхен, Мануел Ноер, изминатите недели жестоко ја критикува тактиката и играта, што во превод значи дека тој ја критикува работата на тренерот Нико Ковач.
Баерн, во вторникот, дури во финишот успеаја да го победата второлигашот Бохум во Купот на Германија. Во последните седум минути Баерн од 1:0 дојдоа до 1:2 против екипата што се наоѓа при дното во втората лига со само една победа.
Анализирајќи ја играта на Баерн, Ноер на новинарите им рекол: „Во насловот напишите Баерн. Под насловот оставете празна страница. Тоа најдобро ги опишува нашите претстави“.