Top Sport

Нојер искрен: И така немаше да ја освоиме титулата

На Германија и недостасуваше волја за победа и ќе беше елиминирана во нокаут-фазата на Мундијалот, вели германскиот капитен по шокантното испаѓање по 2:0 поразот од Јужна Кореја.

„Мислам дека сите ние не бевме доволно добро подготвени и немавме волја да покажеме дека сакаме да направиме нешто на ова Светско првенство. Дури и да ги победевме Кореја ќе беше крај за нас во нокаут-фазата, дали во осминафиналето, дали потоа“, вели Нојер.

Голманот на Баерн Минхен и дел од златната генерација од 2014 година, кој поголемиот дел од сезоната го помина во аут со повреди, се согласува дека Германија не заслужила ништо.

„Не заслужуваме ништо, тоа треба јасно да се каже. Самите сме одговорни. Ова носи горчлив вкус и доста е патетично од наша страна“, изјави Нојер.

Фото: ЕПА

Scroll to Top