Top Sport

Норич испаднаа од Премиерлигата и поставија негативен рекорд

Фудбалерите на Норич експресно се вратија во Чемпионшип дивизијата. „Канаринците“ попладнево доживеаја пораз од Вест Хем (0:4) со што останаа без теоретски шанси да останат во Премиерлигата. Норич во Чемпионшип ги испрати Микел Антонио кој ги постигна сите голови за „чеканите“.

Норич во досегашните 35 кола забележале пет победи (една од нив е над Манчестер сити), шест пати играле нерешено и запишаа 24 порази. Норич се наоѓа во лоша серија од седум порази по ред.

Инаку, Норич поставија негативен рекорд, тие се единствениот тим кој досега пет пати испаднал од Премиерлигата. Четири пати лигата ја напуштале Кристал Палас, Мидлзброу, Сандерленд и ВБА.

Scroll to Top