Како дел од обидот да влезат во Премиер лигата, тимот на Норич сити по совет на спортски психолог ја обоиле гостинската соблекувална на нивниот стадион во розево за да се „намали нивото на тестостерон“ на гостинските фудбалери.
Според „Истерн дејли прес“, идејата била на спортскиот директор нак лубот, Стјуарт Вебер, откако истата „шема“ се користела за намалување на агресивноста во американските затвори, меѓутоа и кај дел од американските колеџ тимови во американски фудбал, пред ова да биде забрането од колеџ-лигите.
Сепак, докторот Ендру Бејлис од Универзитетот на Источна Англија, не е сигурен дека се работи за вистински пристап, бидејќи може да се добие спротивен ефект.
„Ако претходно играле со тим во розева соблекувална и стигнале до голема победа, со гледањето на розевата боја може да се добие чувство на победа, што може да влијае позитивно на нивната игра“, вели Бејлис.