Според статистиката, најпопуларното женско име во Норвешка во 2016 година е Нора, но тоа очигледно никој не му го кажал на навивачот на Ливерпул, Кент Солхајм, кој реши своето двонеделно дете да го крсти по неговиот омилен фудбалски клуб.
Кент и неговата партнерка Карин се горди родители на ќерка која го носи името „YNWA“ по неофицијалната химна на Ливерпул, „You’ll Never Walk Alone“. Името ќе се изговара „Анва“.
„Сè започна минатото лето кога дознавме дека ќе имаме девојче и решивме да и дадеме две имиња. Јас го следам Ливерпул цел живот и затоа се решив за ’YNWA’. Карин беше задоволна се додека не ѝ кажав дека во името ќе има W. Повеќето од пријателите кои знаат за фудбалот веднаш сфаќаат од каде е, додека другите само велат дека е убаво име. На навивачите на Манчестер јунајтед, обично, не им се допаѓа“, вели Солхајм.
The life-long Liverpool supporter had to convince his girlfriend to choose the unusual name https://t.co/tP4d8r34Xv
— Liverpool Echo (@LivEchonews) January 19, 2018