Top Sport

Норвешки фудбалер откачи на прославата на титулата (Видео)

Играчот на Лилестрем Александар Мелгалвис на оригинален начин го прослави освојувањето на Купот на Норвешка. 28-годишниот фудбалер на општо изненадување на бината изведе стриптиз, а на крајот интимниот дел го покрил со трофејот.

Овој негов потег го привлече вниманието на дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Норвешка откакде не ја исклучиле можноста тој да бид еказнет.

„Тоа што се случи беше спонтано, добронамерна идеа која доби многу позитивни коментари. Драго мие е тека тоа се случи. Не сакав никого да навредам, а доколку некого навредив веднаш упатувам извинување“, рекол Мелгалвис.

Лилестрем во финалниот меч го победи Сарпсборг со 3:2 и попауза од една деценија повторно го освои Купот на Норвешка.

Видеото може да го погледнете тука

Scroll to Top