Top Sport

Нотингем му го раскинаа договорот на Лингард по катастрофалната сезона

Нотингем форест потврдија дека поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Џеси Лингард нема да остане во клубот по катастрофалната сезона, оставајќи го 30-годишниот „продукт“ од академијата на „ѓаволите“ како слободен играч.

Лингард пристигна како слободен играч во Форест со фантастична плата од 120.000 фунти неделно, но не успеа да постигне гол, ниту да има асистенција во 17 меча во Премиерлигата.

Проблемите на Лингард почнаа со повредата на бутниот мускул на почетокот на 2023, но дотогаш ја загуби довербата на менаџерот Стив Купер, и наместо да се наметне како прва ѕвезда, ја препушти улогата на уште едно ново засилување, Морган Гибс-Вајт по што Форест успеаја да опстанат во Премиерлигата.

Scroll to Top