Аксел Вицел повторно беше стрелец за Борусија Дортмунд, а „милионерите“ успеаја да се вратат од раната негатива за 4:1 победа над РБ Лајпциг во дербито на првото коло на Бундеслигата.
На „Сигнал Идуна парк“ имаше студен туш за домашните навивачи откако Жан-Кевин Аугустин ја искористи невнимателната реакција на одбраната за да ги донесе „биковите“ во водство уште во првата минута.
Меѓутоа, тимот на Лусиен Фавр се созеде и до крајот на првото полувреме направи целосен пресврт за 3:1 победа. Махмуд Дахуд израмни во 21. минута, Забицер си постигна автогол во 40. минута, а Вицел во 43. минута стави крај на било која неизвесност околу исходот на мечот. Марко Ројс во 91. минута само го запечати триумфот.
Во првиот денешен меч, Мајнц со минимални 1:0 го совлада Штутгарт.