Top Sport

Нов кикс на Дортмунд, Вердер освоија бод на „Вестфален“ (Видео)

Фудбалерите на Борусија Дортмунд не успеја да го совладаат Вердер (2:2) пред своите навивачи во шестото коло, во Бундес лигата. Ова е втор нерешен резултат за „милионерите“ кои сега имаат три бода помалку од Баерн Минхен, кој од денес е новиот лидер во Бундес лигата.

Изненадување на „Вестфален“ гостите најавија во седмата минута кога Рашица го совлада Бурки. Само две минути подоцна резултатот го израмни Марио Геце.

Борусија притиснаа по израмнувачкиот гол, не реализираа две добри шанси, а потоа Марко Ројс во 41 минута погоди за 2:1.

Во вториот дел израмни Марко Фридел во 55 минута. До крајот двата тима имаа свои шанси но резултатот остана 2:2.

Scroll to Top