Вардар го губи чекорот со Шкендија во битката за шампионската титула откако направи уште еден кис во домашното првенство. Вардар, во неделата не успеа да освои повеќе од еден бод во дуелот со градскиот ривал Скопје.
Натпреварот што се одигра на Железарница заврши без голови, а ист епилог имаше и пресметката во Прилеп помеѓу Победа и Академија Пандев.
Два гола видеа гледачите во Кратово. Натпреварот Силекс-Шкупи заврши со резултат 1:1.
Оливеира погоди за Силекс во 11.минута од натпреварот, а на три минути пред истекот на првиот дел конечниот резултат го постави Илијоски.
Резултати, 23.коло:
Скопје-Вардар 0:0
Силекс-Шкупи 1:1
Победа-Академија Пандев 0:0
вчера:
Ренова-Пелистер 1:0
Работнички-Шкендија 0:2
Табела:
1. Шкендија 59, 2. Вардар 43, 3. Силекс 36 (-1), 4. Шкупи 29, 5. Работнички 28, 6. Академија Пандев 28, 7. Ренова 25, 8. Победа 22, 9. Пелистер 21 (-1), 10. Скопје 17.
фото/fkvardar.mk