Новото засилување на Челси, Ромео Лавија ќе почека за своето деби во тимот на Маурисио Почетино, откако поради повреда на скочниот зглоб ќе паузира најмалку уште шест недели, тврди „Дејли мејл“.
Челси го победија Ливерпул за потписот на Лавија, плаќајќи 58 милиони фунти на Саутемптон, но 19-годишниот Белгиец уште го нема направено дебито во тимот и се приклучува на долгата листа на повредени играчи на „Стемфорд Бриџ“.
Според „Дејли мејл“, лекарските прегледи утврдиле дека тинејџерот има оштетување на лигаментите, и дека ќе паузира до крајот на октомври. Челси има пет натпревари до следната интернационална пауза – против Борнмут, Астон вила, Фулам и Барнли во Премиерлигата и против Брајтон во Карабао купот.