Португалската телевизија „РТП“ тврди дека Раул Хименез е пред трансфер во Манчестер јунајтед ова лето, откако наводно веќе е договорена сумата од 27 милиони фунти за неговиот трансфер од Вулверхемптон.
Мексиканецот Хименез постигна 26 гола за „волците“ оваа сезона, помагајќи Вулверхемптон да заврши на седмото место во Премиер лигата и да пласира во осминафиналето на Лига Европа.
„РТП“ тврди дека Вулверхемптон веќе нашле замена за Хименез во напаѓачот на Брага, Паулињо, кој со помош на супер-агентот Жорге Мендеш обезбедил трансфер во Премиер лигата. Паулињо имаше фантастична сезона во Португалија со 25 гола и 9 асистенции во 48 настапи за Брага оваа сезона.
Иако Оле Гунар Солскјер бара напаѓач ова лето, се веруваше дека Хименез не е голем приоритет, со фокусот кон Џејдон Санчо и нов дефанзивец кој е потребен на „Олд Трафорд“.