По повредите на Килијан Мбапе и Марко Верати, во редовите на францускиот шампион, ПСЖ се повреди и тренерот, Германецот Томас Тухел. Исто како и голгетерот, Тухел го повреди глуждот.
Сепак, се чини дека оваа повреда нема да го спречи тренерот да биде на клупата на својот тим на четвртфиналниот дуел од ЛШ против Аталанта, на 12 овој месец.
Ова е само уште еден знак колку се „светците“ несреќни кога се повредите во прашање.
Како што сега стојат работите, Мбапе можно е да добие минутажа против италијанската екипа, а непознаница е колку Верати ќе може да му помогне на својот тим.