Top Sport

Нов пресврт во „сапуницата“ – Икарди веќе не ја „следи“ сопругата?

Мауро Икарди се враќа во тимот на ПСЖ пред дербито со Олимпик Марсеј, но неговиот персонален живот повторно е на насловните страници во Франција и Италија, откако прво престана да ја следи сопругата (и агентот) Ванда Нара на Инстаграм, па објави дека „не е лошо да одиш соло“ на социјалните мрежи.

Сагата околу неговото неверство кон сопругата продолжува откако последните неколку денови нивниот живот се одвива преку пораки на социјалните мрежи. ПСЖ му даде слободно време да ја реши кризата, но најавува казни, а работата се компликува со тоа што Нара му е и агент и го претставува пред клубот.

Тој неодамна престана да ги следи сите на Инстаграм освен својата жена, но вчера вечер ја отстранил и Нара, по што објави фотографија во дрес на ПСЖ и со порака: „Не е лошо да одиш соло“.

Scroll to Top