Реал Мадрид вчера ја победи Гранада со 4:2 и го задржа првото место во Ла Лига. Тимот на Зинедин Зидан се уште нема пораз во шпанското првенство.
Победата над Гранда наместо задоволство му донесе нова грижа на Зидан. Во 34 минута теренот го напушти Тони Крос.
Германецот денес бил на дополнилени прегледи кои покажале дека тој го повредил адуктрот на левата нога.
Лекарскиот тим на Реал не соопшти колкава пауза е пред Крос, сигурно е само дека тој нема да игра за Германија во квалификациите за пласман на ЕУРО 2020. Исто така извесно е дека нема игра потоа и притив Мајорка, а неизвесен ќе биде и за дербито со Барселона.
Зидан има големи проблеми со повредите во тимот од почетокот на сезоната, повредени се левите бекови Ферлан Менди и Марсело, дефанзивецот Начо, како и Марко Асенсио и Брахим Дијаз.
Францускиот тренер за наредниот меч нема да може да смета и на Каземиро кој е суспендиран.