Тибо Куртоа првиот голман на Реал и Белгија, денес ги напуштил подготовките на националниот тим. Ова е дополнителен проблем за Зинедин Зидан кој поради повреди по репрезентативната пауза нема да може да смета на Тони Крос, Алваро Одриозола и Дани Карвахал.
Белгија вечерва игра пријателски натпревар со Брегот на Слоноваа коска, а во наредните денови и два натпревари во Лигата на нации. Куртоа сигурно нема да брани за репрезентацијата.
Реал по паузата ќе игра против Кадиз на 18 октомври, три дена потоа ќе го пречека Шахтјор во Лигата на шампионите, а потоа на 25 октомври ќе гостува кај Барселона.
Куртоа првите четири натпревари беше најдобриот играч на Реал, особено се истакна на дуелите со Ваљадолид и Леванте.