Младиот напаѓач на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд очигледно не може без контроверзите, откако на социјалните мрежи се појави видео во кое инхалира диазотен оксид на забава неколку недели пред да биде исклучен од англиската репрезентација по мечот на Исланд по секс-забавата со две девојки со неговиот соиграч Фил Фоден.
Таблоидот „Сан“ објави фотографии на кои 18-годишниот напаѓач полни балон со диазотен оксид (или таканаречен гас за смеење) пред да го инхалира. Гасот, кој дава мало чувство на еуфорија, може да предизвика сериозни здравствени проблеми како срцев напад или оштетување на мозокот.
„Сега сум свесен за здравствените ризици поврзани со мојата активност, и прифаќам дека тоа беше моја лоша проценка. Имам 18 години и учам цело време, но оваа недела научив дека ќе ми судат по повисоки стандарди и морам да го почитувам тоа“, изјави Гринвуд.
Mason Greenwood filmed inhaling hippy crack weeks before England debut shamehttps://t.co/qJGasjUU2W pic.twitter.com/H6cKT6bmDD
— The Sun Football ⚽ (@TheSunFootball) September 12, 2020