Top Sport

Нов трансфер-пораз на Ливерпул, Лавија сака во Челси

Во ситуација која многу наликува на таа со Моисес Каиседо, Ливерпул ќе остане без уште едно посакувано засилување, откако ѕвездата на Саутемптон, Ромео Лавија решил да ја прифати понудата од Челси до 50 милиони фунти, јавува „Атлетик“.

19-годишниот Лавија имаше избор помеѓу Ливерпул и Челси, и тој им порачал на своите агенти да ја прифатат понудата од западен Лондон, каде што се работи на финализирање на трансферот. Ако ова се оствари, ќе се работи за нова „победа“ на Челси во преодниот рок во неверојатните 15 месеци под водство на новиот американски газда, Тод Бели, кој потроши над 850 милиони фунти.

„Атлетик“ тврди дека Каиседо и Лавија ќе бидат достапни на Маурисио Почетино за мечот од второто коло против Вест хем.

Scroll to Top