Аталанта и Лацио одиграа 3:3 во еден од најинтересните мечеви во Серија А оваа сезона, откако римскиот тим двапати се враќаше во меч во кој блесна Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Аталанта почна одлично откако Петања му нафрли на Матија Калдара за водство по 19. минути игра, а неколку минути подоцна домаќините го удвоија водството по фантастичниот удар на Јосип Иличиќ. Тимот од Бергамо беше блиску до 3:0, но Томас Стракоша имаше фантастична одбрана на ударот на Кристанте.
„Бјанкочелестите“ се вратија игра преку Србинот Милинковиќ-Савиќ, чиј удар заврши во голот на домаќините во 27. минута, пред само осум минути подоцна да израмни на 2:2.
По драматичното прво полувреме, второто почна со ново водство на Аталанта, откако против Лацио повторно беше досуден пенал (сигурно нервирајќи ги и така нервозните фанови), а Иличиќ го постигна вториот гол на мечот.
Но, лацијалите не се предадоа. Шпанецот Луис Алберто во 79. минута беше ефикасен по одличното проигрување од Касеидо за 3:3.
Ова не е првпат овие два тима да одиграат ваков натпревар – лани Лацио победи во Бергамо со одлични 3:4.
Лацио остана на петтото место во Серија А со 33 поени, додека Аталанта се на седмото место со 24 поени.