Top Sport

Нов Зеланд лесно обезбеди бараж за пласман на СП

Нов Зеланд со 5:0 ја совлада репрезентацијата на Соломонските Острови за да обезбеди бараж за пласман на Светското првенство во Катар.

Новозеланѓаните, кои се петкратни шампиони на ОФЦ Купот на нации на Океанија, сега ќе играат со четвртопласираниот во квалификациите во ЦОНЦАЦАФ зоната, односно репрезентација од Северна Америка.

Таму вечерва се игра последното коло, пред кое Канада веќе е квалификувана, а пред пласман се и репрезентациите на САД и Мексико, така што најверојатен противник ќе и биде репрезентацијата на Костарика.

Scroll to Top