Колумбиската ѕвезда на Монако, Радамел Фалкао доби статуа во неговиот роден град Санта Марта, но како во случајот со славната биста на Кристијано Роналдо, нема сличност меѓу фудбалерот и изразот на уметникот.
Статуата од шест метри е во процес на изградба во Санта Марта во провинцијата Магдалена и не е јасно дали лицето на белата скулптура ќе биде преработена за барем малку да наликува на 32-годишниот Фалкао во препознатливата поза – со кренати раце кон небото.
Ова веднаш потсети на бистата на Кристијано Роналдо на аеродромот во Мадеира, кој го носи неговото име, и која беше заменета оваа година откако првата биста стана предмет на потсмев.