Top Sport

Нова бизарност од втората Бундеслига – голман доби црвен откако го удри напаѓачот „во јајца“ (видео)

Откако во петокот од втората Бундеслига дојде бизарниот момент кога еден фудбалер беше исклучен и беше досуден пенал иако тој не беше на теренот (линкот е подолу), во саботата нова „интересна “ ситуација од популарната „Цвајте“.

Овојпат во главна улога беше голманот на Хановер, Рон-Роберт Цилер, кој доби црвен картон за удирање на Даниел Гордон во интимните делови, иако очигледно тоа не беше намерно.

Инцидентот се случи во драматичното 3:3 реми на гостувањето кај Карслруе, меч во кој Хановер двапати водеше и постигна гол во 90. минута за 3:2 водство, пред во 95. минута да биде израмнето, откако токму Гордон му даде гол на Цилер.

„Сакав да ја удрам топката, и навистина не го видов. Секако, потоа отидов да се извинам“, вели 30-годишниот Цилер.

Ова не е првпат Цилер, инаку поранешен голман на Манчестер јунајтед и Лестер да се најде на насловните страници со негови грешки – лани тој го прими можеби најбизарниот гол во Бундеслигата, тогаш со Штутгарт.

30-годишниот Цилер беше голман на Манчестер јунајтед од 2005 година како јуниор, но немаше ниту еден настап за сениорскиот тим. Во 2010 тој замина во Хановер, пред во 2016 да се врати во Премиер лигата со Лестер, за кој имаше само 11 настапи како замена за Каспер Шмајхел.

Бизарна случка во Германија – играч кој не беше во игра направи пенал (видео)

Scroll to Top